Ципрас на средби со грчки функционери за прашањето за името
Ципрас утрово одржал средба со неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос Каменос, а за попладне во 15 часот е закажан мини министерски совет во премиерската палата на кој треба да присуства шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас и неговите заменици, пренесуваат грчките медиуми.
Исто така попладнево во 18 и 30 часот Ципрас треба да се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос, а во текот на утрешниот ден предвидено е да има одделни средби со лидерите на политичките партии.