Прво рочиште за нападот врз Зијадин Села во Собранието
Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села беше тешко повреден при упадот и насилствата на 27 април 2017 година во Собранието. За настаните веќе се изречени судски пресуди по два предмета, а во тек е истражна постапка за предметот на Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ во кој се осомничени 36 лица.