САД не се загрижени поради падот на доларот
„Не сме загрижени за вредноста на доларот краткорочно, се работи за многу ликвиден пазар и ние веруваме во слободниот девизен курс,“ изјави Мнучин.
Со оваа изјава тој ја ублажи вчерашната во која посочи дека слабиот долар е многу добар за трговијата и за САД. Таквата изјава предизвика голема распродажба на доларот, по што еврото го достигна тригодишниот максимум во однос на доларот.
Според министерот Мнучин, долгорочно вредноста на американската валута ќе зависи од силата на стопанството.