Белоруската влада блокираше популарна опозициска веб-страница
Белоруската влада делумно го блокираше пристапот до опозицискиот веб-сајт „Повелба 97”, потег што уредникот на сајтот го оцени како напад врз слободата на говорот. Министерството за информации го обвини сајтот „Повелба 97“за објавување на "информации за кои е забрането да се дистрибуираат со закон". Од министерството не соопштуваат за какви информации станува збор, но ги повика сите медиуми "строго да ги следат законите за медиумите". Главната уредничка на „Повелба 97”, Наталија Раџина, за РФЕ изјави дека чекорите на владата за блокирање на страницата се политички мотивирани. "Очигледно е дека конечното уништување на слободата на говорот е во тек во Белорусија, бидејќи најпопуларната независна, опозициска страница во земјата е нападната", изјави Раџина. Независната страница, која се фокусира на човековите права и опозициските причини, стана недостапна преку мнозинството интернет-провајдери во Белорусија на 24-ти јануари. Раџина, која во 2011 година доби политички азил во Литванија, рече дека персоналот на сајтот ќе стори сé што е можно за тој повторно да биде достапен.