Русија за Светското првенство ќе дозволи продажба на пиво на стадионите
„Освен на стадионите, вака ќе биде и во зоните на навивачите“, рече денеска рускиот вицепремиер Виталиј Мутко.
Русија ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство од 14 јуни до 15 јули на 12 локации во 11 градови, вклучително Москва, Санкт Петербург и Сочи.
Рускиот тим на 14 јуни во Москва ќе го отвори турнирот против Саудиска Арабија, каде исто така ќе се игра финалниот натпревар на 15 јули.
Властите за градење и модернизирање на објектите за Светското првенство издвоија 11 милијарди долари.