Координацијата за предлозите на Нимиц в сабота во Клубот на пратеници
На средбата која е иницирана од МНР, како што потврдија за МИА, ќе присуствуваат претседателот Ѓорге Иванов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на денешната прес-конференција најави дека наскоро ќе се одржи средба за рамката на Нимиц на која ќе бидат присутни повеќе политички лидери
Владата, посочи Бошњаковски, веќе го започна процесот на анализа и на координација околу најновата рамка на медијаторот и очекува да биде изграден широк национален консензус.