Катрагулос: Владата ќе бара решение за името без оглед на политичката цена
Тој ја обвини опозициската Нова демократија за политичка неодговорност, лажен патриотизам и ширење национализам, посочувајќи дека лидерите на партијата јавно имаат признаено дека се согласиле за сложено име во кое би бил содржан терминот Македонија.
Катрагулос повтори дека Владата ја застапува позицијата за сложено име за севкупна употреба што би оневозможило каква било форма на иредентизам.