Прво рочиште за предметот на СЈО „ТНТ“
Во судот пристигна и бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цановски сопственик на комплексот „Космос“ на чие уривање се однесува предметот „ТНТ.“
Во предметот се обвинети уште четири лица, а со новиот годишен распоред предметот ќе го води судијата Огнен Ставрев. Апелациониот суд на 4 ноември минатата година одлучи дека прислушуваните разговори за уривањето на „Космос“ можат да се користат како докази во постапката.