Захариева: Охрабрени сме од сигналите на Македонија и на Грција за името
„Мислам дека е многу реално преговорите (со Македонија) да започнат за време на претседавањето и секако да го видиме извештајот во кој ќе биде вклучен и акциониот план на реформите, кои тие го имаат, 3-6-9 и кој е поврзан со реформите во администрацијата, разузнавачката служба и судскиот систем. Ние ќе бидеме среќни и целосно ќе го поддржиме тој развој, исто и за Албанија“, рече таа.
Захариева посочи и дека 15 години немало самит за Западен Балкан и дека мора да се направи повеќе за земјите од регионот. Според неа, тоа што врз регионот се зборува дека има други влијанија одговорна е ЕУ. Според неа, ЕУ не била доволно присутна и со тоа се создал вакум.
„Доколку ние не сме присутни таму се разбира некој друг ќе биде среќен, без членство во европското семејство и во НАТО да бидат присутни таму и да имаат силно влијание“, порача Захариева.