Најавени нови собири во Грција за името Македонија
Поглаварот на грчката православна црква, архиепископот Јеронимос вели дека само девет од 82 митрополити учествуваа во протестот во Солун и уште еднаш го повторува ставот на ГПЦ дека не прифаќа терминот Македонија да биде вклучен во името на нашата земја.
„Светиот синод објави едно многу успешно соопштение и ја разјасни позицијата, во кое кажа дека синодот, црквата, не го прифаќа ниту името, нити изведените зборови. Но, треба со мудрост, трезвеност и единство да размислиме што ќе правиме понатаму. Ова е она што го изразува мојот став“, вели поглаварот на ГПЦ, архиепископот Јеронимос, пренесува МИА