Одложени рочиштата за предметите „Шпион“ и „Труст“
Во „Шпион“ меѓу обвинетите 18 лица се и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во Управата за контраразузнавање Александар Диневски.
Во Кривичниот суд денеска се одржа и рочиште за предметот на СЈО „Труст“ на кое беше сослушано вештото лице Радомир Цветановски. Поради закажано друго судење во истата судница, судијката Лидија Зимбова го прекина сослушувањето на вештакот и закажа друго рочиште на 30 јануари