ВМРО-ДПМНЕ: МНР да реагира против национализмот на протестите во Грција
"Ваквите испади не придонесуваат за подобрување на меѓусоседските односи и градење на клима на доверба меѓу Македонија и Грција. Палењето на македонското национално знаме, извикувањето на иредентистички пароли и дефилирањето во воени и паравоени униформи се сосема спротивни на демократијата и меѓусебното почитување кое треба да го градат двете земји" наведуваат ВМРО ДПМНЕ во соопштението.
Од опозициската партија истакнуваат дека Министерството за надворешни работи на Република Македонија мора посериозно да ги сфати сите овие непријателски гестови од страна на поединци и групи во соседна Грција и преку дипломатска нота да побара соодветна реакција од грчка страна и санкционирање на лицата кои, како што наведуваат, ги подриваат меѓусоседските односи.