Пешевска останува во домашен притвор
На јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска побара да и биде укинат куќниот притвор поради нејзиното учество во настаните од 27-ми април.
"Во животот немам сторено кривично дело, а најмалку тероризам. Не сум ги довела во опасност животите на други пратеници. Ме уапсија иако се повикав на пратенички имунитет" рече Пешевска.