Ѕанакопулос: Очекуваме напредок од средбата Заев-Ципрас
„Во изминатиот период, постоеја изјави, излагања и од двете страни и од страна на грчката влада и од страна на владата на поранешната југословенска Република Македонија кои ги менуваат, особено вторите, ги менуваат иредентистичките излагања од минатото и покажуваат една исклучително интензивна и искрена, според нашето мислење, волја за да се најде едно взаемно прифатливо решение. И токму ова ќе биде рамката во која ќе се одржи и средбата со господинот Заев на 24 јануари во Давос. Се надеваме дека за време на оваа средба ќе се постигне вистински напредок кон изнаоѓање решение“, рече Ѕанакопулос, пренесува МИА.