Турција ја потврди офанзивата „Маслинова гранка“ во Сирија
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, во телевизиски говор потврди дека стартувале операција против курдските милиции и против припадниците на екстремистичката организација Исламска држава Операцијата е наречена „Маслинова гранка“. Од турската војска влеат дека операцијата ќе го почитува „територијалниот интегритет на Сирија“ и дека почува на турското право во рамки на меѓународното право.
„Вооружените сили на Турција се наоѓаат во регионот Африн во северна Сирија, за да воспостават сигурност и стабилност на нашите граѓани во тој регион. Офанзивата ја започнавме за да ги неутрализираме терористите и да го ослободиме пријателскиот и братскиот народ во тој регион од притисоците и од насилството“, се наведува во соопштението на турската војска, кое го пренесува Анадолија.
Претходно САД ја повикаа Турција да не започнува таква операција, велејќи дека фокусот треба да остане на борбата против Исламската држава.
Руското Министерство за надворешни работи на 20-ти јануари изрази загриженост во врска со новата офанзива и ги повика спротивставените страни да покажат воздржаност.