Ципрас - Постои „прозорец на можности“ за решавање на спорот за името
„Владата ќе продолжи да работи на постигнување најдобар можен договор. Грчката позиција е јасна и одговорна. Бараме решение кое ќе биде заемно прифатливо, сложено име за севкупна употреба, кое нема да остава простор за иредентизам и неразумни тврдења“, рече Ципрас.
Нагласи дека е позитивно што и во Скопје има влада која изгледа решена да преземе чекори за изнаоѓање решение, кои, како што наведе, треба да ги покаже во пракса.