„Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција
„Веруваме дека буџетските перспективи и изгледите за раст на Грција се подобрени, а во исто време има заживување на пазарот на трудот и период на релативна политичка стабилност“, соопшти агенцијата.
Новата проценка е со позитивна перспектива што значи дека е можно таа повторно да се зголеми.