Макрон најави зголемување на буџетот за одбраната
Зборувајќи во францускиот пристанишен град Тулон, Макрон рече и дека во наредните недели ќе биде поразена и екстремистичката група Исламска држава во Сирија и во Ирак.
Како што пренесува агенцијата Франс Прес француската влада го зголемила буџетот на војската во 2018 година од 1,8 милијарди евра на 34,2 милијарди евра. Макрон се залага издвојувањата на Франција за војската да бидат два отсто од БДП до 2025 година што е во согласност со тоа што државите членки на НАТО го договорија во 2014 година. Зголемувањето на буџетот вклучува и обнова на нуклеарното оружје на земјата за време на пет годишниот мандат на Макрон.