Седум повредени во напад со секира во сибирско училиште
Тинејџер од училиште во југоисточен Сибир со секира нападна група од помлади ученици, повредувајќи најмалку седум лица. Нападот утрово се случи во селото Соснови Бор каде што се наоѓа гарнизон на руските воздухопловни сили во регионот Бурјатија.
Претставничката на локалниот огранок на Рускиот истражен комитет Светлана Петренко напаѓачот го опиша како ученик во деветто одделение во училиштето. Петренко рече дека момчето нападнало со секира нападнало група помлади ученици и наставник и запалило оган во училиштето со шише запалива течност.
Вјачеслав Тимкин - шеф на Регионалниот медицински центар Бурјатија, рече дека „шест деца и една жена“ биле повредени, вклучително напаѓачот.
Петренко рече дека осомничениот бил уапсен откако се обидел да изврши самоубиство и бил однесен во Медицинскиот центар за итни случаи во Улан Уде- главниот град на регионот Бурјатија. Другите повредени биле однесени во воената болница во Соснови Бор.
Канцеларијата на јавниот обвинител во Бурјатија рече дека за случајот се поведени кривични постапки по обвиненија обид за убиство.