Турција започна воена операција во сирискиот регион Африн
Портпаролот на единиците на Курдската народна заштита потврди дека турските сили денеска започнале со бомбардирање на сирискиот регион Африн од турска територија, кратко по полноќ. Тој рече дека цел на турските напади се курдски села и дека борците на Курдската народна заштита „ќе одговорат со најголема сила“ на секој напад на Африн.
Нападите доаѓаат еден ден откако турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу објави дека Анкара ќе се координира со Москва и Техеран за воздушни операции во сирискиот регион Африн.