Русија: неуспехот на нуклеарната спогодба со Иран ќе биде алармантен
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров предупреди во Обединетите нации дека неуспехот на иранската нуклеарна спогодба, особено како резултат од дејствувањето на администрацијата на Доналд Трамп би испратил „алармантна порака“ до целиот свет. Тоа, според Лавров, ќе ги доведе под прашалник и напорите да се убеди Северна Кореја да го прекине развојот на нејзината нуклеарна програма. Лавров го повтори руско кинескиот предлог за исклучително мирно решавање на севернокорејската криза.