Германските власти обвинија припадник на авганистанските Талибанци
Тој е обвинет за членство во терористичка организација, воени злосторства и кршење на законите за контрола на воено оружје. Обвинителите велат дека тој им се приклучил на Талибанците на почетокот на 2013 година кога бил обучуван и барам еднаш помагал во транспорт на оружје за исламистичката милитантна група.
Осомничениот во мај 2013 година пристигнал во Германија, а беше уапсен во мај минатата година.