Убиен Палестинец во израелска рација на Западниот Брег
Портпаролот на полицијата Мики Розенфелд изјави дека мажот по кого се трагало бил убиен, а друг бил уапсен во рацијата во градот Џенин во Западниот Брег. Израелските медиуми убиениот осомничен го идентификуваа како Ахмед Џарар, велејќи дека тој бил член на исламската милитантна група Хамас. Роднините на Џарар велат дека израелските сили користеле булдожери за да срушат три домови кои му припаѓале на поширокото семејство и го оштетиле нивното четврто живеалиште.