МНР: Идеите на медијаторот не се коментираат пред направена темелна анализа
Оттаму велат дека учеството во процесот за надминување на разликата за името меѓу Македонија и Грција, бара висок степен на професионалност и одговорност.
„Градењето мостови и отворањето врати кон европската и евроатлантската иднина на земјата бара трпение и посветеност“, додаваат од МНР.
До овој момент во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се уште немаме добиено целосен извештај од вчерашната средба во Њујорк, наведуваат од МНР.