Тилерсон сигнализира натамошно американско воено присуство во Сирија
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека военото присуство на САД во Сирија ќе остане и во догледна иднина со цел да се спречи натамошна активност на екстремистичката група Исламска држава. Во говорот на Универзитетот Стенфорд, Тилерсон додаде дека САД исто така ќе работат на обезбедување на мировниот процес за ставање крај на граѓанската војна во Сирија, отстранување на претседателот Башар ал Асад од власт и намалување на иранското влијание во таа земја. Во врска со Северна Кореја тој ја пофали Кина за нејзиниот притисок врз Пјонгјанг, додавајќи дека Вашингтон добива докази оти меѓународните санкции почнале да даваат резултати.