ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието за обраќањето на Столтенберг
Одлуката била донесена на синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а пораката е да покажат дека стратешката определба на партијата е членството во НАТО и ЕУ.
Од ВМРО-ДПМНЕ засега нема дополнителни информации дали тоа значи дека опозицијата ќе го прекине бојкотот на собраниските тела и се враќа да учествува во работата на законодавниот дом.
Пратениците на најголемата опозициска партија по определувањето на мерките притвор, не учествуваат во работата на Собранието од крајот на минатата година.