15 поврдени во тепачка со ножеви во руско училиште
Во првичните извештаи се вели дека двајца маскирани мажи извршиле напад во училиштето во градот оддалечен 1150 километри источно од Москва. Но подоцна регионалниот Истражувачки комитет соопшти дека тоа било тепачка со ножеви меѓу двајца ученици, а наставничката и другите ученици се обидувале да ги разделат.
Во меѓувреме полицијата соопшти дека едно од момчињата вклучено во тепачката било поранешен ученик во училиштето. Во соопштението на регионалната полиција се вели дека неодреден број на осомничени биле уапсени и дека еден од нив бил во регистар на луѓе со дијагностицирани проблеми со менталното здравје. Министерството за безбедност соопшти дека наставничката и две момчиња на возраст од 15 и 16 години претрпеле неколку повреди.