На протестите во Иран загинале 25 луѓе, над 400 се притворени
Техеранскиот обвинител изјави дека 440 учесници на протестите кои биле притворени се ослободени од притоворските одделенија низ Техеран само во последните денови, а 55 се уште се во притвор во главниот град.
Иранскиот парламент на 7-ми јануари соопшти дека обичните демонстранти, особено студентите, треба да бидат ослободени, но дека лидерите на протестите ќе бидат казнети.
Протестите започнаа поради економските тешкотии со кои се соочуваат младите и работничката класа во Иран, а се развија против моќта и привилегиите на елитите, особено на врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи.