Важни закони пред пратениците, а ќе им се обрати и Столтенберг
Се очекува неделава исто така претседателот Ѓорге Иванов да се изјасни дали ќе го потпише указот за Законот за употребата на јазиците и доколку не го стори тоа да го врати законот во Собранието.
За утре во Собранието е закажана 30-тата собраниска седница, а закажани се и комисиски расправи.
Освен Договорот со Бугарија на оваа седница на дневен ред се и реформските закони за следење на комуникациите, во прво читање, измените на законите за администрација, во второ читање, законот за амнестија и други, вкупно 37. точки на дневниот ред.
Датумот на носењето на Договорот со Бугарија во македонскиот Парламент се поклопува со презентацијата на Програмата и приоритети за работа на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јануари - јуни 2018 година од страна на бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Великов Петков.