Јункер – Без јасна европска перспектива Западниот Балкан може да се врати во 90-тите
„Постои опасност во овој многу комплициран регион во Европа да може да се случат настани кои би ги вратиле работите во раните 90-ти години од минатиот век. Секако, ние не сакаме тоа да се повтори“, рече Јункер во Софија на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Јункер учествува на церемонијата на која Бугарија го презема претседавањето со ЕУ. Бугарија веќе потврди дека Западниот Балкан е меѓу најважните приоритети за време на нејзиното претседавање со Унијата.