Марио Сентено – нов шеф на еврозоната
Досегашниот претседател, Холанѓанинот Јерун Дајселблум со симболично ѕвонење му ја предаде должноста на Сентено на церемонија во Париз.
Сентено ја презема еврозоната во период кога таа е во подобра состојба. Економијата на земјите расте, додека се намалуваат стравувањата за иднината на Грција во таа група.