Грција заплени товар со експлозив
Грчката крајбрежна стража соопшти дека запленила товар со експлозив на брод кој од Турција пловел за Либија. Во бродот имало 29 сандуци со детонатори и експлозивни материјали. „Крајбрежната стража деактивира подвижна бомба“, изјави контра адмиралот Јанис Сотиру и додал дека бродот „Андромеда“, под знамето на Танзанија, имал многубројни структурни реформи и оти никогаш не требало да плови. Капетанот на „Андромеда“ најпрвин тврдел дека бродот плови за Џибути, но потоа признал дека крајна дестинација било либиското пристаниште Мисрата.