Вучиќ: Нема предвремни парламентарни избори во Србија
Претседателството на владејачката Српска напредна партија донесе одлука да не иницира распишување предвремени парламентарни избори, соопшти синоќа партискиот лидер и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ. По завршувањето на седницата Вучиќ им се заблагодари на членовите на Претседателството затоа што „речиси едногласно, со два гласа против“, го поддржале неговиот став дека „државниот и националниот интерес е поважен од партискиот“.