Гутереш: Силите на ОН да останат на Кипар до 31 јули
Тој исто така изразува волја и одлучност да работи за обнова на преговорите меѓу двете кипарски заедници за повторно обединување на островот, по неуспешниот преговарачки процес во јули минатата година, повикувајќи ги заинтересираните страни да го зачуваат постигнатото во преговорите под покровителство на ОН и да го обноват дијалогот за решавање на проблемот.