Мицкоски: Нема услови за демократско функционирање на Собранието
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција пред Собранието истакна дека пратеничката група на партијата на денешната координација донела одлука дека нема да учествува во работата на законодавниот дом се додека не се создадат услови за нормално и демократско функционирање на институцијата.
Според него, власта е таа која треба да избере помеѓу реформите и просперитетот од една страна и политичкиот прогон и неистомислениците од друга страна. Мицкоски истакна дека зад одлуката стојат сите членови на пратеничката група на партијата.
Во однос на тоа до каде се реформите во ВМРО-ДПМНЕ и променатата на статутот, тој рече дека се работи за сложен и комплексен процес и ќе се обидат да изготват документ кој ќе ги опфати демократските принципи на партијата и ќе ги вклучи сите специфики на Македонија како држава и општество. Мицкоски посочи дека крајниот рок за изготвување на таквиот документ е крајот на јануари и јавно ќе излезат да го образложат.