Мицкоски нема информации за преговорите за спорот за името
„Заклучно со овој момент можам да го потврдам истото тоа што го потврди и најголемата опозициска партија кај нашиот јужен сосед, односно нејзиниот претседател Мицотакис, кој кажа дека и кај нив најголемата опозициска партија не е вклучена во разговорите за името“, рече тој.
Мицкоски по утринската литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје посочи и дека поради тоатие не би можеле да коментираат кое би било решението од премиерите во двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас.