Грујевски и Бошковски ќе дознаат дали ќе бидат екстрадирани
Судот во Солун на 22 декември требаше да ја соопшти денесената одлука за барањето на Македонија за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски, кои во земјава се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување опрема за прислушување, но во судот во Грција немаше кој да ја прочита одлуката на македонски јазик поради неможноста да се најде преведувач.