Руски воен хеликоптер се урна во Сирија, загинаа двајца пилоти
Министерството истакнува дека хеликоптерот не бил нападнат од сириските опозициски сили или од групата на Исламската држава, а дека двајцата пилоти загинале при тешкото слетување на 15 километри од воената база. Исто така еден техничар бил повреден и однесен на итен третман во друга воздухопловна база.