Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село
Оттаму наведуваат дека тој пред истекувањето на договорот за закуп на времен објект на Смоларскиот водопад склучен меѓу општина Ново Село и правно лице од Струмица, без спроведување на јавно наддавање и јавен оглас за издавање под закуп на објект, со анекс му го продолжил користењето на објектот на правното лице, со што дозволил преуредување на постоечкиот објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на потпишаниот договор.
На тој начин тој овозможил правното лице, Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист во подолг временски период.