И Заев оптимист за решавање на спорот за името
Премиерот Зоран Заев е оптимист дека може да се најде решение на спорот за името со Грција и вели дека 2018 може да биде добра за евроатлантските интеграции на Македонија.
Тој денеска на прес конференција рече дека Македонија е решена во првото полугодие од оваа година вистински и суштествено да навлезе во решавањето на проблемот со името. Тој вели дека лично има резерви и по однос на ова прашање, но сепак е убеден дека оптимизмот и пријателството на кое работеле ќе биде само од полза. Премиерот рече дека додека бил во Солун за новогодишните празници, двапати телефонски разговарал со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас и еднаш со премиерот Алексис Ципрас.
„Дефинитивно 2018 може да биде одлична година за Република Македонија, затоа што можеме да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ и покана за влез во НАТО“, рече премиерот Заев на денешната прес- конференција со министерот Драган Тевдовски.
Претходно грчкиот премиер Алесис Ципрас изјави дека е оптимист за прашањето за името, но дека очекува конкретни чекори од македонската страна.