Рохани предупреди на насилство поради протестите во Иран
. Акциите на улиците на Техеран и другите градови, вклучувајќи ги Санандај, Машхад, Илам, Хорамдерех и Керманшах, го обележаа најголемиот предизвик за властите, по насилните демонстрации избувнаа по спорните избори на Махмуд Ахмадинеџад за втор претседателски мандат во 2009 година.
Најмалку двајца демонстранти, биле убиени во судирите оваа недела, а стотици биле уапсени. Рохани, во своите први јавни забелешки од почетокот на протестите, рече дека Иранците имаат право да протестираат, но тој предупреди дека овие демонстрации не треба да ја направат јавноста "да се чувствува загрижена за нивниот живот и безбедноста".