Бугарија го презема претседателствувањето со ЕУ
"Кога зборуваме за обединета Европа, не треба да заборавиме дека Западниот Балкан има потреба од јасна европска перспектива и поврзаност меѓу нив и со земјите-членки", соопшти официјална Софија на својата веб-страница за претседателството на ЕУ.
Бугарското претседателство, исто така, ќе се совпадне со преговорите што ЕУ ги презема за да ги одреди своите идни односи со Велика Британија, откако ќе излезе од блокот во март 2019 година.Самата Бугарија се соочи со критики од ЕУ, при што блокот упатува на нерамнотежи во економските и социјалните прашања и она што го гледа како високо ниво на корупција.