Времето денеска ќе биде суво и стабилно
Претпладне се очекува поголема облачност, особено во западните делови од земјата, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој од средината на денот и вдолж Повардарието ќе засилува. Температурата ќе биде од три до девет степени.
Во Скопје слично време со температурата до седум степени.
За време на викендот и Новогодишната ноќ ќе биде стабилно и суво. Во новогодишната ноќ нема да е многу студено, а температурите ќе се претежно само некој степен под нулата.
Утре и во понеделник ветерот ќе биде слаб и постепено ќе се менува кон јужен. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе се од снег