Загинаа шест деца во експлозија во Авганистан
Авганистанските претставници информираат дека децата биле на возраст од осум до десет години. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но властите во Авганистан ги обвинуваат Талибанците велејќи дека милитантната група го поставила експлозивот за да убие претставници на авганистанските безбедносни служби.