Вучиќ: На пролет сериозна расправа за Косово
Според него, на тој начин би се покажал демократскиот капацитет на српското општество за дијалог и за обид за решавање на проблемите, иако засега Србија е далеку од решение.
„Се надевам и верувам дека во иднина ќе успееме да ги рационализираме нашите барање и нашата политика и да го зачуваме тоа што му припаѓа на нашиот народ. Верувам дека на почетокот на летото ќе започнеме со тој сериозен процес”, потенцира Вучиќ.