Во ноември раст на индустриското производство за 4,1 отсто
Индустриското производство во ноември во секторот Рударство и вадење камен е на исто ниво како минатата година, секторот Преработувачка индустрија бележи раст од 5,7 отсто, а секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е во опаѓање од 4,9 отсто.
Според објавените податоци, зголемувањето во Преработувачката индустрија е поради зголеменото производство на прехранбени производи, фармацевтски производи и препарати, производи од гума и пластични маси, фабрикувани метални производи: машини, опрема, електрична опрема, моторни возила, приколки и полуприколки.