Влада: Иванов упати пораки за понатамошни поделби
Од Владата наведуваат дека претседателот наместо општество за заедништво и обединување во еден историски момент за земјата, се обидел да го доведе во прашање дигнитетот на институциите на системот со тоа што владеењето на правото и принципот за одговорност на сите пред правдата го изедначил со реваншизам.
„Владата на Република Македонија, доследна на јасниот повик за отворена соработка, во период кога сите политички субјекти и секој политички лидер се повикани да го препознаат моментот што ќе ја одвои нашата земја од изолацијата, ќе продолжи уште посилно да дејствува за стратешки интереси на државата – просперитетна земја за граѓаните и земја членка на ЕУ и НАТО.“