Вучиќ се сретна со Путин во Москва
Пред почетокот на состанокот во Кремљ, Путин рече дека тоа е прва посета на Вучиќ од кога стапил на функцијата претседател. Тој оцени дека Русија и Србија имаат добри односи со долга историја и од времето кога Вучиќ беше премиер и дека се надева оти така ќе било и во иднина. Според Путин односите меѓу двете земји се развиваат особено во економијата односно порастот на трговската размена и директните инвестиции.
Вучиќ, пак, на руски јазик му посака на својот колега победа на претседателските избори кои треба да се одржат во март идната година. И тој оцени дека двете земји успеале да ја подобрат трговската размена.