Едно лице приведено при блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на Табановце
Претходно, дел медиуми објавија снимки од Табановце на кои се гледа туркање меѓу поддржувачите на опозициската партија и полицајците.
ВМРО-ДПМНЕ веќе трета недела организира блокирање на неколку крстосници во Скопје, а денеска беше првпат да блокира граничен премин. Партијата ова го прави во знак на револт поради притворањето на нивни пратеници, припадници на партиските тела и симпатизери, а поврзано со крвавите настани во Собранието на 27 април годинава.