САД и ЕУ го осудија насилството во и надвор од албанскиот Парламент
Од делегацијата на ЕУ велат дека демократски процеси треба да се дозволи да се одвиваат на мирен начин, независно дали се однесуваат на пленарна седница или на протести.
Од Амбасадата на САД велат дека го поддржуваат граѓанското право на мирен протест, но оти оштетувањето на јавниот имот, фрлањето димни бомби и насилството во Парламентот се неприфатливи. Оттаму апелираат до сите партии да покажат воздржаност и да ја поттикнуваат смиреноста.